Банани – сојузник за здравје и убавина

popara18 декември, 20111min00
bananas on carving board

Иако досега експертите тврдеа дека бананата е овошје кое треба да се конзумира во мали количини заради фактот дека содржи многу калории, последните истражувања покажуваат дека бананите се многу здрави, богати со јаглени хидрати и витамини кои се вистински сојузник за здравје и убавина.

Го регулираат дигестивниот систем: Бананите може да ви помогнат да го регулирате дигестивниот систем и да ги решите проблемите како дијареја или пак запек. Тие содржат голема количина на влакна кои се корисни за дигестивниот систем. Една банана на ден може да ви помогне да се ослободите од ваквите тегоби.

Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања: Бананите се богати со калиум кој помага за правилна работа на срцето и правилна контракција на мускулите. Една банана содржи 4 грама калиум, точно колку што е дневната потребна доза.

Го намалуваат стресот и помагаат во борбата против депресијата: Бананата содржи есенцијални аминокиселики како триптофан кој помага против депресија и при намалување на стресот.

Ја намалува менструалната болка: Жените кои имаат силни менструални болки треба да јадат банана која содржи витамин Б6 и може да помогне за регулација на гликозата во крвта и попуштање на менструалната болка.

Помага во борбата против анемијата: Бананите се богати со железо и помагаат за зголемување на нивото на хемоглобин во крвта. Една банана дневно има позитивен ефектв во борбата против анемијата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma