Зимски модни трендови

popara18 декември, 20111min00
zimski trendovi - naslovna

И оваа зимска сезона носи многу различни трендови на облекување. Топли капути, војнички јакни, чизми над колена и многу други интересни стилови и комбинации.

Кога станува збор за капутите, најдобар избор се секако оние во класичен стил и неутрални бои, но оваа зима во тренд се и кожните капути и капутите со крзнени детали.

Војничката мода е секако „ин“ оваа сезона. Јакните со нагласени рамења и многу функционални џебови и копчиња одат одлично во комбинација со женствените парчиња облека, на пример со чипканите фустани.

Популарностан на долгите здолништа од летната сезона продолжи и во зимските денови. Но иако се тренди, долгите здолништа не се најпрактичниот избор за зима, па затоа најдобро е да ги замените со сукњи во стилот на педесетите години од минатиот век.

Бизнис стилот оваа сезона се карактеризира со одела во најразлични стилови и бои, а вашиот избор на одело треба да одговара на вашата силуета. Изберете остри кројки нагласени со неколку женствени детали.

Во тренд се џемпери со геометриски шари, но и плетени џемпери, па и туники, фустани и модни додатоци со необичен дизајн.

Чизмите над колена се „must have“ за оваа сезона. Со нив ќе изгледате женствено и секси. Од аксесоари оваа сезона најпопуларни се ракавиците во сите димензии и изработени од сите материјали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma