ФОТО: Ричард Бронсон потроши 17 милиони долари за подморница за екстремни длабочини

popara6 април, 20111min00
1
Британскиот милионер Ричард Бронсон вчера го презентирал својот најнов проект наменет за освојување на големи подводни длабочини, објави “Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.
Подводницата, предвидена за еден човек, може да се нурне во длабочина од 10 километри, со часови да работи на сопствен погон и да прави снимки од подводниот свет. Проектот е именуван “Вирџин Оушеаник“, а го чини Бронсон 17 милиони долари. Трупот е направен од многу цврст материјал, карбон и титаниум, а куполата за набљудување е од кварцно стакло, прецизира “Франс Прес“.

Светски познатиот авантурист Бронсон планира да се нурне во петте најголеми океански длабочини: Маријанскиот ров во Тихиот океан, потоа падината Пуерто Рико и Јужносандвичевата во Атлантскиот океан, Јаванската во Индискиот и длабочината Фрам во Северниот леден океан. Со новата и технолошки напредна подморница, Бронсон ќе се обиде да постави 30 различни рекорди.

Ако тестирањата завршат успешно, првото нурнување ќе биде уште годинава. Првото патешествие ќе биде Маријанскиот ров. Но, нема да оди Бронсон, туку неговиот пријател Крис Велш, исто така познат авантурист. Потоа британскиот милионер планира лично да ја освои падината Пуерто Рико.

Првичната идеја за освојување на подводните длабочини со ваква подморница е на Стив Фосет, исто така близок пријател на Бронсон, но тој загина во Сиера Невада во септември 2007 година.

“Ќе се нурнеме во длабочините во чест на Фосет и сеќавањето за него. Сакаме да го завршиме она, што мојот пријател го почна“, рекол Бронсон пред новинарите.

Еден од неговите проекти е и организирање на туристички летови во вселената, за што тој веќе има изработено специјален вселенски авион. Најверојатно и подморницата ќе може да се користи за туристички тури до подводните длабочини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma