Пиво со вкус на злато…aма во буквална смисла на зборот :)

popara18 декември, 20111min00
pivo

Чесите се одлучиле поговорката “Пивото е течно злато” да ја претворат во реалност, па произвеле пиво кое не само што има “вкус на злато”, туку и во него се наоѓа благороден метал од 24 карати.

Креаторот на ова необично пиво, Марек Пјетонј, вели дека го подготвува на тој начин што во секое шише од 0,7 литри става тенка плоча од 24 каратно злато, а за време на полнењето на шишето плочката се распаѓа на ситни парчиња.

Првата серија од 60 шишиња пиво “со вкус на злато” тој ја рекламира како “Ин пиво за апсолутно малцинство”.

Пивото го нарекол “Faust”, бидејќи асоцира на алхемичарите, а тоа име ги содржи и буквите “Au”, хемиската ознака на златото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma