Милица Максимовиќ, позната како Шишалица е позната фризерка од Белград која со своите уникатни фризури успеа да стекне светска слава. Таа за своите ремек дела вели дека се начин за уметнично изразување и нагласува дека сака да биде тренди, уникатна и препознатлива.
Милица е добитник на многу награди во Србија, но и поширокот. Фотографиите од нејзините фризури биле дел од многу познати светски списанија, како Hairdresser Journal од Јужна Африка, Penteados од Португалија, Frizer Revija од Словенија, Disconnect Hair Magazine од Кина, Beauty and hair од Индонезија, како и едно од најпрестижните списанија Hairstyles PELUQUERIAS.
Шишалица работи на многу проекти и фотосесии, а соработува и со многу маркетинг агенции. Оваа година таа доби и спонзорство од американскиот бренд Manic Panic, заради нејзината посветеност и уникатност.