Сте се запрашале ли што би било доколку нашите животни циклуси се движат во обратен правец, односно доколку се раѓаме стари и умираме млади? Ви го претставуваме едниственото живо суштество на планетата кое е блиску до оваа идеја и е единственото бесмртно суштество на планетата.
Станува збор за Turritopsis nutricula мало слатководно животно кое припаѓа на видот медузи и корали. Како и кај сите медузи, и кај Turritopsis nutricula постојат две фази на животот, односно фазата на полипод или младоста и фазата на медуза односно староста.
Она што го прави ова суштество бесмртно е неговата способност да се трансформира од една фаза во друга, процес кој се нарекува тансдиференцијација. Всушност, Turritopsis nutricula има способност да го регенерира целото тело кога тоа е потребно, па така успева и да и избега на смртта.
Во фазата на медуза, односно возрасната фаза, Turritopsis nutricula е во форма на ѕвонче со должина од 5 мм, а неговите пипви се со големина од 8-9 см. Во фаза на полипод е со должина од само 1 мм.