Позната уште под името „Реката на петте бои“ или пак „Реката виножито“, Кано Кристалес е една од најфасцинантните реки на светот.
Поголемиот дел од годината Кано Кристалес, односно Кристалната река, која се наоѓа во Колумбија, е само обична река. Но во еден краток период, таа станува вистински феномен, односно прекрасен фестивал на бои, кои се должат на ендемичниот вид на алги.
За време на сезоната на дождови, сонцето не допира до дното на реката. За време на сушата во реката нема доволно вода за живот. Но во меѓусезоната условите се одлични за размножување на алгите, па Кано Кристалес се претвора од обична река во неверојатно чудо на природата.
Сезоната на бои рае само неколку дена, но затоа во овој период Кано Кристалес е една од најпосетуваните туристички атракции во Јужна Америка.