Викторија Бекам, смао неколку месеци по пододувањето, работи со полна пареа со цел да продолжи и да се врати на сцената. Во рацете покрај малата чанта ја носела својата мала ќерка, Харпер Севн со кој присуствувала во Њујорк на модната недела и ја претставила својата нова колекција.
Оваа позната трендсетерка и дизајнерка ја промовирала колекцијата за пролет 2012 година и добила невиден аплауз за креациите во нијанси од црно, преку темно сино и трнди портокалово, до бело. Фустаните се креаирани за модерни деловни жени и за жени со многу самодоверба, каква е и самата Викторија. Во нејзината колекција може да се видат и капи, но и неизбежните чанти и чевли.
Макси чанти со цврста кострукција и оние помалите, идеално се вклопуваат во колекцијата која е креирана по мерка на дамите.
Пролетната колекција покажа жар према геометријата и строгите линии, но исто така и идеален обид за комбинација со спортски детали како јакни со патенти у џебови кои се од голема корист. Колекцијата вклучува и долгу здолништа со низок струк кои се полни со елеганција.