Многу често се случува да започнеме врска со прекрасен дечко и еден момент сваќаме дека тој се уште мисли за својата бивша девојка која не успеал да ја заборави сеуште. Во тој случај вие можете да развиете манија или комплекси поради таа девојка, која дури и не ја познавате. Ако се уште се чудите дали ви прети некаква опасност, има неколку индикатори со чија помош ќе откриете дали врската ви е загрозена од бившата девојка. Основното што треба да го знаете кога се соочувате со ваков проблем, е дека вие треба да сте секогаш на прво место, а бившата да биде сосема заборавена за да се надевате на успешна врска.
Си разменуваат пораки и мејлови многу често. Голема реткост е партнерите после разделба да станат толку блиски пријатели, па да си раскажуваат за секоја ситница што им се случила во текот на денот. Ако тој се обидува да го крие од вас телефонот и да не ви кажува што тоа пишува со неа, ситуацијата е реално опасна.
Одат на свадба заедно. Вие се обидувате да се успокоите со мислата дека станува збор за нивни заеднички пријатели и дека ако одат заедно е сосема нормално. Но реалноста е поинаква, ситуацијата е повеќе од опасна, вие треба да го предупредите дека вакво нешто не смее да се повтори во иднина, и дека конечно е време да избере или таа или вие.
И помага секогаш кога ќе му се јави, ако на пример има проблем со колата или некоја друга машка работа. Меѓутоа тој не е единствениот маж кој го познава, таа може да се јави на некој друг, а вашиот партнер треба да и откаже штом веќе нема ништо со неа. Едноставно ова е неприфатливо и вие не смеете да се помирите со ваквата ситуација туку да барате веднаш да прекине со ваквото однесување кое вас ве повредува.
Се уште ги чува фотографиите со неа што е сигурен знак дека сеуште неможе да ја прежали. Сите овие нешта ве прават да се осеќате дека се натпреварувате со неа. Нашиот совет е ако забележите вакво нешто да се случува со вашиот партнер, а тој и покрај вашето настојување да прекине се уште е во контакт со неа, тогаш најдобро е да го оставите да тагува сам, ако вие не сте доволна да ја заборави неа.