Мистериозното исчезнување на авионот било дополнето со пораката која ја оставиле крадците : „Одлета, се гледаме следната година“.
Голем модел на американски воен авион бил украден од еден холандски музеј, а неговите сопственици веруваат дека неговто исчезнување е дело на некој шегобиец, отколку на крадец кој би го продал за старо железо.
Претседателот на музејот, Едвин ван Бракел изјавил дека исчезнувањето на авионот било откриено вчера. Тој додал дека не му е јасно како крадците успеале да го помрднат и да го земат авионот кој бил долг 10 метри и тежок 500 килограми.
На крај тој додал дека нашле порака со невкусна шега на која пишувало: „Одлета, се гледаме наредната година!“