Лоша љубовна врска – лоша здравствена состојба?

popara20 декември, 20111min00
Woman with a bandage on her chest --- Image by © John Rensten/Corbis

Лошите односи со луѓето кои не опкружуваат може да бидат навистина штетни по нашето здравје и да имаат сериозни последици.

Не само што не боли глава или пак не стега желудникот кога ќе се скараме со нашиот партнер, туку и кавгте со другите лица од нашето опкружување може да имаат штетни последици по нашето здравје. Најновите истражувања покажуваат дека лошите односи со текот на времето може да предизвикаат кардиоваскуларни болести или пак рак.

„Луѓето не разбираат дека лошите односи со другите се штетни за нашето здравје. Најверојатно главоболката или гастритисот не ги поврзуваат со постојаните кавги. Сите несогласувања, а особено оние со партнерот, влијаат на човечката психа, но и на нашето тело“, објаснува Кристиана Нортруп, стручњак за холистички начин на лекување на болестите.

Тоа е само причина повеќе за да бидете потрпеливи и да ги намалите кавгите и несогласувањата со другите луѓе, но особено оние со партнерот бидејќи тие најмногу влијаат врз нашата психа и нашето здравје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag