Сте се обиделе да се ослободите од мрсната коса со најразлични средства, но досега немате никакви резултати? Тогаш обидете се со овие неколку едноставни, но ефикасни совети:
Фарбајте ја вашата коса – фарбата за коса е хемикалија која ја покренува косата од коренот, па затоа и маснотијата не може да се залепи за влакното.
Исплакнете ја косата со оцет – оцетот, чајот и сокот од лимон содржат танинова киселина и, разредени со вода, помогаат за намалување на маснотиите.
Овесна каша како маска – овесот е одличен третман за мрсна коса, бидејќи ги апсорбира маснотиите од самиот корен. Покрај тоа, овесот исто така е ефективен против првут и го намалува чешањето. Ако сте во брзање и немате време да се избањате, можете да посипете сува овесна каша на вашата коса и да се исчешлате.
Направете кадрици – кадриците ја спречуваат маснотијата да се шири. Доколку имате права коса, не постои ништо што ќе ја спречи природната маснотија да се лизга низ влакното.
Посипете какао во прав или бејби пудра – Пудрата за бебиња е одлична за девојки со светла коса. Само посипете пудра и втријте ја во коренот на косата, па пудрата ќе го апсорбира вишокот на маснотии. Ако имате темна коса, тогаш истото сторете го со какао.
Мијте ја косата два пати неделно – Честото користење на шампон ја масти косата, па затоа практикувајте да ја миете косата максимум два пати неделно.