По облеката направена од салфети, човечка коса, весници, па дури и кондоми, пристигна и најновото бизарно парче облека, овојпат направено од ќесички чај.
Фустанот од ќесички чај е дело на 16 годишната Сираја Мод Заирин од Куала Лумпур, на која и биле потребни дури 4000 ќесички чај за да го направи својот дизајн кој ја освои првата награда на „Зелените награди 2011“ кои се одржаа во Куала Лумпур.
На Сираја, која е студент по биологија и биле потребни три месеци за да го комплетира својот дизајн. Темата на нејзината креација се цвеќињата кои отсекогаш и служеле како инспирација.