Никотинот делува негативно на хормоните во женското тело и ги намалува шансите за забременување, тврдат специјалистите после спроведеното истражување за улогата на никотинот во процесот на зачнување кое опфатило 43 000 жени.
Научници од Универзитетот во Колумбија предупредуваат дека под влијание на никотинот нивото на хормонот естроген во женското тело намалува што од своја страна го нарушува правилниот процес на создавање и оплодување на јајце клетката. Ова може да доведе до предвремено настапување на менопауза и траен стерилитет кај жените.
Раната менопауза како последица може да предизвика многу проблеми кај понежниот пол – постојани топлотни бранови, потење и тешка депресија, објаснуваат специјалистите.