Вечерва на интернет се појавиле лажни вести за смртта на пејачката ѕвезда Џон Бон Џови. За среќа, 49-годишниот американски музичар, чие вистинско име е Џон Френсис Бонџови, е жив и здрав, а веста е лоша копија на објавата на Лос Анџелес Тајмс во 2009 година за смртта на Мајкл Џексон.
Според американските медиуми, лажните гласини за смртта на Бон Џови кои се прошириле низ целиот свет прв ги објавил сајтот dailynewbloginternational, кој напишал дека познатиот пејач, починал во Њу Џерси за време на светска турнеја.
Со цел да докаже дека со него е се во ред, познатиот пејач на неговата официјална страница на Фејсбук и Твитер поставил слика со порака “Рајот многу наликува на Њу Џерси,”.