Италијанската полиција уапсила една шпанска државјанка на аеродромот во Рим чии бујни гради криеле 2,5 килограми чист кокаин.
33 годишната жена слетала во Рим од Бразил облечена во тесна гардероба која ги истакнувала нејзините облини, особено градите и задникот, а очигледно мислела дека на тој начин ќе го одвлече вниманието на граничната полиција.
Во извештајот од полицијата се навело дека таа станала осомничена по одговорите на прашањата од полицијата, за тоа кои се причините за нејзиното патување во Италија.
Лажните импланти во кои била скриена дрогата биле откриени при претресот.