Совети за побрзо и полесно слабеење

popara23 декември, 20111min00
4

Брзиот метаболизам значи и дополнително согорување на калории. Тука ви предлагаме неколку идеи како да го забрзате метаболизмот со што ќе го забрзате и процесот на намалување килограми.

Ова можеби ќе ви звучи нереално, но добриот сон допринесува за намалување на килограмите и не штити од натрупување маснотии по телото. Кога е лишен од сон организмот многу тешко ги обавува основните функции, а една од тие функции е имено согорувањето на калории.

Една од најчестите грешки кај луѓето, кај кои диетите не успеваат, е прескокнувањето на појадокот. Кога не појадуваме и го оставаме телото да гладува, ние го принудуваме да го намали метаболизмот со цел да запази енергија.

Пијте ладна вода, пиењето на вода со лед согорува дополнителни 50 калории. На организмот му е потребно да потроши дополнително енергија за да ја затопли водата до температурата на внатрешноста на телото.

Кафето и чајот исто така имаат свои добри страни. Кофеинот ја стимулира мозочната активност но истовремено и метаболизмот. Освен тоа антиоксидантите што ги има во чајот од своја страна предизвикуваат забрзување на метаболизмот со 10% што значи дека ќе согорувате по 100 калории повеќе дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag