Домашен сируп од моркови против бронхитис

popara24 мај, 20151min00
3

Освен вкусна храна морковот е и многу лековит. Тој содржи каротин – елемент кој во организмот се преработува во витамин А. Богат е и со витимин Е како и со целулоза која делува добро на варењето на храната. Морковите содржат и многу калиум кој го спречува развојот на гастрит.

Во  народната медицина морковите се препорачуваат како секојдневна храна на болните од ревматизам. Делуваат добро и при дијабет. Од морковите може да се приготви вкусен и лековит сируп – на две чаши свежо исцеден сок од морков се додава една чаша кафеав шеќер и се вари се додека смесата не се згусне.  Уште додека е врел сирупот се исипува во суво стаклено шише или тегла и се чува на суво и темно место. Се пие во зимските месеци против бронхит, настинка или ангина по неколку лажици на ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag