Тајните на убавата кожа на Скарлет Јохансон

popara27 декември, 20111min00
skarlet

Во едно неодамнешно интервју актерката Скарлет Јохансон откри како го одржува својот беспрекорен тен со помош на два „направи сам“ рецепти кои се дел од нејзиниот ритуал пред да се појави на црвениот тепих.

Скарлет Јохансон навистина изгледа идеално – секси, гламурозно и негувано. Таа вели дека за беспрекорна кожа не се потребни многу пари, бидејќи состојките од нашиот фрижидер се доволни за да имаме прекрасен тен.

„Многумина веруваат во употреба на природните производи и конзумирањето многу вода се доволни за убава кожа. Јас користам маска од мед која ми помага да имам убав тен. По туширањето, кога порите на лицето се отворени, нанесувам маска од една лажица мед и ја оставам да отстои 10 – 15 минути. Медот темелно ја отстранува нечистотијата, ја прави кожата мека, и дава неверојатен сјај и е совршена основа за шминка, особено ако одите на некој настан каде што сакате да изгледате гламурозно“, советува актерката.

Таа користи уште еден природен “лек”, кога нејзината кожа е бледа и има црвени дамки – а тоа е свеж лимон.

„Сокот од лимон може да го разредите со вода и со него да го измиете лицето. Доколку имате важен настан на крајот на неделата, секоја вечер пред спиење мијте го лицето со сок од лимон кој ќе ги отстрани акните и црвенилото“, вели Јохансон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma