Кога протекоа информациите за проблемите во бракот на Кети Пери и Расел Бренд, двајцата ги демантираа шпекулациите и зборуваа за романтични патувања и хармонична љубов. Но, гласините не се намалија, повторно се разгореја, бидејќи оваа двојка Божиќ го поминаа одделно.
Всушност, Кети со пријателите и без венчалниот прстен се забавувала на Хаваите, а Расел пиел во еден бар во Англија, па заминал на забава со пријателите.
Виден е на повеќе локации без својата сопруга, а само пред неколку дена зборуваа за нивното заедничко парување на Хаваи. Кога неодамна, Расел го прашуваа за пробелемите во бракот, тој се пошегувал велејќи дека на целиот интернет гледа како на сплет на испревртени невистини и дека е сеуште среќно оженет. “Рековме додека смртта не не раздели, а јас сум сеуште жив. Покрај тоа, сакам дете. Ги обожувам децата додека се мали”, заклучил Расел.