Британскиот принц Филип, сопругот на Кралицата Елизабета, после четири дена во болница беше пуштен.
Принцот Филип кој има 90 години, од петокот беше под медицински надзор, поради болката што ја чувствуваше во градите. Поради тоа беше итно опериран и му беше вградент стент за проширување на една артерија.
Во неделата, сопругот на кралицата Елизабета II за првпат не беше дел од традиционалната свечена божиќна прослава.
Иако операцијата помина во најдобар ред, лекарите сепак го советуваат да мирува.