
Жителите на североисточната индиска држава Мегхалај не градат мостови, туку ги одгледуваат во дождовните шуми, односо ги прават од стари лози и корења од дрва. Мостовите се протегаат хоризонтално преку реките и потоците.
Племето Каси во долините кои водат кон Бангладеш одгледуваат мостови за кои се верува дека може да траат од 500 до 600 години. Областа Церапунџи е една од највлажните места во светот, со многу реки и потоци, па затоа правењето на овие мостови е од непроценливо значење за жителите.
Повеќе од пет векови локалното население ги управува и ги насочува корењата од дрвата и од лозата на локалното дрво (lat. Ficus Elastica) преку реките, користејќи издлабени стебла за да се создаде систем за управување на коренот.
Кога корењата и лозата ја достигнат другата страна овозможено им е да пуштат корен и со текот на времето се создава силен жив мост, а на некои им е потребно дури 10 до 15 години да станат целосно функционални.
Некои од мостовите се долги повеќе од 300 метри и може да издржат тежина од 50 или повеќе луѓе.