Џенет Еставез дефинитивно е најголемиот фан на Мики Маус на светот, а тоа го потврди и Гинисовата книга на рекорди.
Според Гинис, Џенет го претворила својот дом во музеј поветен на колекционерските предмети на култната икона на Дизни – Мики Маус. Таа станала рекордер со својата колекција на 2760 различни предмети, кои ги собира уште од далечната 1970 година.
Џенет ја започнала својата колекција кога таа и нејзиниот сопруг биле на меден месец во Дизниленд. Сепак, нејзината колекција најмногу се проширила во 1978 година, кога се родила нејзината ќерка.
Џенет планира да продолжи да собира колекционерски предмети од Мики, а љубовта кон слаткото глувче од Дизни ја пренела и на своите внуци кои исто така допринесуваат за нејзината колекција.