Подрачјето на поларниот круг се протега дури на териториите на четири држави…Сето тоа кај нас е познато како Лапонија- матичното место на Дедо Мраз, ирвасите, глечерите и номадските племиња Сами. Иако не е држава, зазема простор кој го сочинуваат 4 држави, односно, се наоѓа на северниот дел на Финска. Просторот има свои јазик, култура, обичаи и традиции, но нема државни граници.
Во оваа „недојдија“, за која „обичните смртници“ гледаат така скептично, мирно живее номадскиот народ Сами ( лапонски- човек). Иако се помал е бројот на Лапонците кои се држат до традиционалното, сепак тие не го напуштаат ова, за нив најубаво место на светот- кое нуди повеќе атракции..
Ако би сакале да видите поларна светлина, тогаш ова место е вистинската прилика. Аурора Бореалис е феноменот кој може да го гледате во текот на целата година на темно небо Во Шведскиот дел се наоѓа најголемото игло во светот, а интересна можност за Ваша венчавка би била и ледената црква во близина. Во овој дел може да уживаат и љубителите на крос-кантри скијањето, сноумобилите или брзите санки влечени од Хаски. Оваа студена убавица не е само синоним на белата површина и најпознатиот световен лик – Дедо Мраз. Ова место е со голем туристички потенцијал.