Сите знаеме што е тоа крем за лице, млеко за тело, коректор или пудра. Но дали знаеме што представува серумот и каква е неговата улога?
Серумот најчесто е на водна основа, содржи врвни масла и висока концентрација на активни компоненти со различна намена. Накратко кажано серумот е средство што ги забавува процесите на стареење. Овие призводи се справуваат успешно со проблематичната кожа, идеално ја хранат кожата, ја хидратираат и и придаваат свеж и млад изглед. Серумот може да се користи како крем, но најчесто не е доволен, па затоа после нанесувањето на серум, се чека кожата да го упие, а потоа се нанесува кремот од истата линија козметика за да не се стигне до некомпатибилност на компонентите. Редовната употреба на серум само за неколку месеци ќе ја направи кожата многу поубава, помлада и со здрав и свеж тен од било кога. Иако серумите се поскапи од останатите козметички производи, не штедете кога се однесува на вашата убавина и квалитетна козметика.