Пијан човек излегол на аеродромската писта и влегол во десниот мотор од авионот, а летот доцнел цели 90 минути.
Ханој – виетнамските власти ја казнија управата на аеродромот Буон Ме Тут бидејќи пијан 30 годишен човек заспал во моторот од авионот Ербас 320, кој се подготвувал да полета.
Пијаниот човек излегол на пистата и се приближил кон авионот, пилотот го забележал и веднаш ги исклучил моторите и повикал обезбедување. Кога стигнале службениците го пронашле човекот како спие во десниот мотор од авионот.
Поради овој инцидент летот доцнел 90 минути. Инспекцијата го казнила аеродромот за 1250 долари, бидејќи не организирал соодветно обезбедување.