Не треба да избирам меѓу мојата романтична комедија и неговата акција.
По подот нема разфрлани машки валкани чорапи и долна облека.
Тоалетната хартија и кафето ми траат два пати подолго.
Нема потреба да ги трпам неговите инфантилни пријатели.
Никој не ми прави скандал ако разговарам со друг маж.
Можам да си лежам по цел ден дома опуштено и без да се замарам дали изгледам секси и привлечно.
Неморам да се трудам секогаш да им бидам симпатична на неговите родители.
Се додека не го најдеш вистинскиот, уживај во слободата што сега ја имаш и биди среќна затоа што и ова е многу убав дел од животот!