Британскиот јавен сервис Би-Би-Си бил остро критикуван бидејќи во листата за жена на годината ја номинирал и пандата Тјан Тјан.
Секоја година пред новогодишните празници, медиумите имаат обичај да прават ретроспектиува на изминатата година и да се навраќаат на настаните кои ја одбележале минатата година.
Така меѓу 12-те жени кои биле номинирани за жена на годината (по една за секој месец), каде влегоа Пипа Мидлтон и пејачката Адел, како и бразилската претседателка Дилма Русеф, се појави и пандата Тјан Тјан.
Тоа е големата панда која стана суперѕвезда во Велика Бритаија откако заедно со мажјак од истиот вид беа донесени од Кина во зоолошката градина во Единбург.
Пристигнувањето на пандите во декември предизвика општа возбуда во земјата и радост. Сепак, веста за номинацијата на падната за жена на годината беше лошо прифатена .
httpv://www.youtube.com/watch?v=_gwgbaXK09Q