Фотографии на кои Адолф Хитлер и други нацистички официри се собрани околу новогодишна елка биле пронајдени откако долги години стоеле закопани и скриени во стаклени тегли.
На фотографиите Хитлер е замислен и се потпира со зголбовите на маса со останатите нацистички војници за време на божиќниот оброк во Минхен на 1 декември 1941 година. Позади ив се гледала голема новогодишна елка со украси. Фотографијата ја направил Хуги Јегер, еден од личните фотографи на Хитлер.
Јегер фотографијата кон крајот на војната ја сокрил во тегла и ја закопал. Сликите останале сокриени се до 1955 година, кога со уште 2000 други тој ги префрлил во трезор во банка.