Се собирале околу светлина над планината

popara30 декември, 20111min00
0186007.48

Брачниот пар кој сведочи и ја снимил појавата тврди дека светлината прв пат ја виделе додека се возеле со автомобил кон својот дом. По пат тие застанале во паркот и виделе дека околу еден светлечки објект над планината кружат неколку помали објекти.

Средниот и најголемиот објект, кој имал и најинтензивен сјај, лебдел на во место, додека помалите летала кружеле околу него со различни брзини. Некои од нив биле брзи, а се се одигрувало во потполна тишина.

Во споредба со човечките летала кои се движеле во тоа подрачје, неидентификуваните светла биле многу поинтензивни, а нивното движење било многу побрзо.

Парот го продолжил својот пат кон дома надевјаќи се дека поради повисоката локација на нивниот дом подбро ќе ја видат светлоста. За овој несекојдневен настан ги известиле и соседите, а на крај сите заедно се упатиле на голф терен од каде и ја снимиле необичната појава.

Сведоците признаваат дека снимката не е од најдобар квалитет и дека за жал не се гледа убаво колку навистина биле интензивна светлоста, но звучниот запис открива дека сведоците биле доста изненадени:

http://www.youtube.com/watch?v=-6bVoJEl0k4&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma