Ријана обожава времето да го поминува во родниот Барбадос, па и овој пат се одлучила празниците да ги помине таму, со своето семејство. По напорното темпо, пејачката се одлучила за домашна атмосфера со која најдобро се опушта. Секако, придонесе и топлото и убаво време, па Ријана уживала во морето, а ја придружувало и едно згодно момче?!
Но, не се работи за романса, туку само за добра братско- сестринска врска. Всушност, дечкото кој Ријана го гушка и со кој се бања е нејзиниот помал брат. Покрај игрите со него, Ријана се забавувала и со малата Али и младите фанови на плажата.
Очигледно е каде Ријана е најопуштена, а а убаво е тоа што многу често се враќа дома!