Наскоро или можеби не толку скоро сте се разделиле со долгогодишниот партнер! Звучи познато нели? Секоја од нас почуствувала барем еднаш во животот вакво разочарување. Да, сега се е потешко, но тоа не значи дека треба да се откажете од мажите. Како што се вели, Љубовта навистина е насекаде и не се знае во кој момент ќе налетаме на неа.
Многу важен фактор е да го пречкртате бившиот и врската со него. Ако постојано се навраќате на тоа што било, нема да пожнеете голем успех. Крајнате цел ни е новата љубов да биде поуспешна од предходната. Заборавете на стравот. Не мислете дека никој друг освен бившиот не би можел така да ве сака, бидејќи објективно погледнато тоа воопшто не е точно…
Треба да се покажете – ако си седите дома пред телевизорот тешко дека некој ќе ве забележи… Е сега е времето да излегувате повеќе од било кога. Движете се во различни друштва и не ограничувајте се само со најблиските пријатели, вие немате потреба од сожалување и од разбирање, а од нешто ново!
Во никој случај не го занемарувајте надворешниот изглед, само затоа што сега нема кој да го оцени. Напротив! Сега тоа да изгледате и да се чувствувате добро е поважно од секогаш! Ви посакувам на сите вас кои сеуште не сте ја сретнале вистинската љубов, тоа да ви биде поклон од Судбината за празниците!