Со сезона од 190 денови снег, северниот град Харбин е познат како „град на ледот“. Долгата и смрзнувачка зима како и пластичноста и цврстината на ледените блокови кои се носат од реката Сонгхуа се идеални услови за скулптури направени од снег и лед. На 5-ти Јануари 1985 год беше одржан првиот фестивал во Харбин на лед и снег. Од тогаш прерасна во годишно збиднување од 5-ти Јануари до 5-ти Февруари, познат насекаде во светот со извонредноста на креациите.