Откако неодамна ја објави веридбата со Џејсон Тревик, познатата пејачка Бритни Спирс започна да ја планира својата сваба. Таа вели дека сака да се омажи на традиционален начин, односно планира свадбена церемонија во „кантри“ стил.
Бритни вели дека не сака голема холивудска церемонија, туку венчавка само за најблиските роднини и пријатели.
„Сакам вистинска свадба во кантри стил. На свадба ќе ги повикам пријателите од детството, а не сакам ништо на тој ден да ме потсетува на Холивуд“, вели пејачката.
Бритни и нејзиниот свршеник се верија на почетокот на декември, а веридбата ја прославија во Лас Вегас. Инаку, пред да ја побара за жена, Џејсон побарал дозвола од нејзиниот татко. Ајде Бритни, трета среќа!