Најважните витамини за жената за да биде убава и млада

popara2 јануари, 20121min00
2

Како жени ние треба да се грижиме правилно за своето тело и да знаеме што е полезно за нас. Дел од тоа е примањето на важните за нас витамини кои се неопходни за нашата убавина и здравје. Видете кои се тие…

Витаминот А е еден од најважните за жената кој претставува силен антиоксидант и се грижи за нашата убавина, а го има најмногу во морковот и зелениот зеленчук.

Витаминот Б6 го стимулира метаболизмот и ја подобрува мозочната функција и ви гарантира добра кондиција, а го има во бананите, авокадото и овесните јадки.

Фолната киселина е еден од најважните витамини за плодноста и за образувањето на крвните клетки со што штити од анемија. Ја има во зелениот зеленчук, зрнестите култури и јајцата.

Витаминот Б12 е друг важен за метаболизмот витамин. Изворите од кои можете да го набавите се млекото, киселото млеко, сирењето, месото и рибата.

Витаминот Ц делува како антиоксидант и помага при образувањето на колаген.

Витаминот Д работи како хормон во организмот. Тој е многу важен зошто заедно со калциумот ги одржува здрави коските. Се снабдуваме со него од сонцето и рибата.

Витаминот Е исто делува како антиоксиданс и го стимулира производството на црвени крвни клетки, а истовремено го успорува процесот на стреење. Ќе Го најдете во јадките, црниот дроб, пченичното масло и маргаринот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma