Имате одвишок пари??? Епа еве ви идеја како да ги потрошите – купете си пентхаус апартман во Њујорк за само 110 милиони долари, и тоа со прекрасен поглед врз Централ Парк во близина на Карнеги Хол!
Станува збор на најскапиот апартман на светот, кој ќе се наоѓа на двата најгорни спрата на највисоката луксузна станбена зграда во Менхетен, која ќе се наоѓа на West Park Avenue. Зградата, која ја дизајнирал Кристијан Де Портзампарк, ќе биде висока 90 спрата и ќе вклучува 95 луксузни апартмани, додека долните спратови ќе бидат Парк Хајат Хотел.
Апартманот ќе има шест спални сови и ќе се простира на површина од 1000 квадратни метри. Во луксузните работи кои ги добивате со апартманот спаѓаат затворен баезн, библиотека, сопствен готвач, вратар, паркинг, јога студио, ателје, приватен фитнес центар и, да не заборавиме, бања специјално наменета за вашите миленици.
Сепак, најлуксузното нешто што го нуди овој апартман е прекрасниот поглед кон Централ Парк и околните гради, што е навистина фасцинантен и уникатен! Па и подобро да биде, кога веќе плаќате 110.000 долари за еден метар квадратен.