Керала – Зачинетиот Индиски брег

popara3 јануари, 20123min00
pn

Прекрасното место Керала ги ужива следниве географски карактеристики: се наоѓа во мрежа од четириесет и четири реки, високи планини ( до2700м) и огромно крајбрежје. Локацијата на оваа Индиска убавица е западно од Арапското море.

Историјата пак, на ова место е тесно поврзана со трговија. Во денешни услови, Керала е синоним за најуспешните трговци со зачини. До ден денес, ова место успеало да го задржи псевдонимот „ Зачинет брег“, а неговата автентичност се должи и на фактот дека низ историјата ова место бил добар домаќин за трговци и патници од целиот свет, а истите оставиле белег на повеќе полиња : архитектура, кујна, литература …

Без оглед на традицијата, луѓето во Керала се писмени, социјални и толерантни жители, со космополитски сфаќања. Дали ова може да се припише на културата или нивната субјективна природа, останува прашање…Како и да е, станува збор за интелигентни и морално изградени луѓе, специфични по фактот дека доминантната улога и привилигираниот статус и во рамките на семејството и во рамките на општеството… ги припишуваат на жената.Се надеваме дека придонесовме еден добар повод за среќа помеѓу феминистките, а за останатото Ви нудиме слики со најдоброто од Керала.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag