Сексуален манијак или сурово чудовиште

popara4 јануари, 20121min00
0110007.48

Оранг Минијак е едно од најстрашните чудовишта во Малезија, за кое и до ден денес има гласини и приказни. Всушност, изгледа дека демонското битие е сеуште активно.

Оранг Минијак всушност значи побожен човек, а тоа е името на непознатото битие кое веќе децении наназад предизвикува паника во Малезија и искористува млади девојки, и тоа најчесто девици.

Порационалната приказна за манијакот вели дека станува збор за маж кој се мачка со „црно масло” (не се знае дали станува збор за нафта, паста за кондури или можеби нешто друго) за да се маскира и потоа да искористува млади девојки.

Легендата е толку присутна во секојдневниот живот да во 1956 е направен и филм за овој насилник. Со оглед на тоа дека злоделата продолжиле се до денес и тоа во Малезија, јасно е дека не станува збор за еден или обичен човек.

Друга, помалку реална приказна, тврди дека Оранг всушност е дел од магичен ритуал, односно сите кои сакаат да дојдат до одреден степен на познавање на црната магија мораат привремено на себе да го превземат идентитетот на Оранг Минијака и да спијат со одреден број на девици.

Девиците секогаш се дел од приказните за монструмот, бидејќи сите жртви и личности кои се пријавиле  дека ги демне некој сличен на Орангу се девици.

Го опишуваат како многу темен и голем, тврдат дека може без проблем да скока од кров на кров, се движи многу тивко, а може и да оди по ѕидови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma