Ботоксот – напредок или отров во светот на убавината?

popara4 јануари, 20121min00
Care of beauty

Третманот со ботокс е еден од најупотребуваните начини за подмладување, но многу малку луѓе навистина ги знаат сите детали околу овој третман. Има многу работи кои треба да се земат во предвид доколку планирате да направите третман со ботокс.

Што е ботокс?
Ботоксот е супстанција која е изведена од токсинот ботулизам , кој е од истиот тип како оној токсин што предизвикува труење со храна. Ботоксот функционира на тој начин што ги спречува нервните импулси да стигнат до мускулите, а со тоа ги релаксира мускулите.

Кој да го користи ботоксот?
Во суштина секој може да го користи ботоксот – не децата, се разбира – но постојат неколку групи на луѓе, како трудници и луѓе со невролошки проблеми, на кои не им се советува да употребуваат ботокс.

Кои се несаканите ефекти?
Како и со било кој друг вид на процедура, и кај ботокс третмани постојат одредени ризици, компликации и многу други несакани ефекти кои треба да бидат земени во предвид. На пример, привремените модринки се најчестиот пропратен ефект на третманите, како и главоболката која трае најчесто од 24 до 48 часа по завршување на постапката.

Постои одреден процент на пациенти кои се жалат дека нивните очни капаци се опуштаат по третманот, како и некои кои тврдат дека по ботокс третманите имаат чуден израз на лицето и изгледаат како да се намуртени.

Најдобро е, ако планирате да користите ботокс, најпрвин да се консултирате со лекар.  Третманите со ботокс треба да се сфатат многу сериозно. Иако не се опасни, не значи дека се сосема безбедни. Најпрво разгледајте ги сите аспекти на третманот и раговарајте со некој кој веќе го направил пред да се одлучите за негово користење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag