Жените многу почесто изневеруваат на своите партнери…во своите фантазии, сочи новото американско истражување.
77% од анкетираните дами се наполно задоволни од својот сексуален живот. Но тоа не секогаш се должи на нивниот постојан партнер. Произлегува дека многу жени наоѓаат утеха во прегратките на својот љубовник или се задоволуваат со еротски играчки.
Повеќето дами исто така се жалат, дека со годините љубовниот живот со партнерот им станал рутински и неинтересен. Половината признале дека често имаат сексуални фантазии. Хероите во нивните фантазии не се нивните сопрузи, туку некој измислен убавец, најчесто симпатичен актер или музичар. Понекогаш жените мечтаат и за секс со колега или комшија.
Сепак овие „неверства“ остануваат само во мечтите, зошто само мал број од жените се решаваат вистински да делуваат. Ова е поврзано со фактот дека сакаат да ги зачуваат стабилните семејни односи, најмногу во името на децата.