Сезонава се препорачува да се јаде храна богата со нуклеински киселини кои ги има најмногу во рибата, гравот и леќата. Тоа ќе помогне кожата да се храни од внатре.
Тешките хидратанти ја задушуваат кожата. Откажи се од нив зошто се апсорбираат тешко и ги запушуваат порите.
Спиј колку можеш повеќе. Колку подолго организмот ги регенерира клетките по време на сон, толку по здрава ќе биде твојата кожа.
Сувата кожа не трпи премногу ексфолирање односно пилинг процедури – тоа го отстранува тенкиот заштитен слој, со што дополнително се суши.
Сегогаш користи крем со заштитен фактор, независно каков тип е твојата кожа.