Малку веројатно е да се изненадите од фактот, дека лошата исхрана и недостатокот на витамини и минерали е основната причина за намален имунитет. За да ги зголемите заштитните функции ова треба да го вклучите во своето секојдневно мени:
Брокули, моркови, тиква, тиквички, јагоди, киви, сите цитруси, риба и мисиркино месо. Колку можете почесто додадедете кон салатите, супите и другата храна магданоз, копар. Свежиот зеленчук и овошје и свежо исцедените сокови се основен извор на витамини. Но во есен и зима не треба да се лишувате и од витаминските препарати како додаток во исраната. Специално внимание посветете на витаминот Ц, кој ќе ве заштити од настинките. Според истражувањата недостатокот на витамин Ц во исхраната на луѓето изнесува и до 70%, а 60-80% е недостатокот на витамините Б и Е. Додека пак недостатокот на само еден од елементите цинк и железо значително ја намалува моќта на имуниот систем.