Еден љубител на тако не му се допаднало тоа што во оброкот му ставиле малку месо, па затоа решил своето незадоволство да го покаже на тој начин што ќе го запали ресторанот.
Човекот, чиј идентитет не е откриен фрлил молотов коктел на еден од рестораните на “Taco Bell”.
Човекот се вратил на драјв ин патеката каде се нарачува храната и тоа во 4 часот утрото и побарал да му се стави повеќе месо во оброкот. Кога менаџерката му рекла дека тоа е невозможно, бидејќи ресторанот затвара, тој рекол: „добро тогаш јас ќе се вратам и ќе го преуредам малку ресторанот“.
Набрзо по ова, човекот навистина се вратил и фрлил молотов коктел низ прозорецот. Полицијата трага за сторителот, а поради лошиот квалитет на снимките од безбедносните камери неможе да му се види јасно лицето.