Ke$ha: “Мојот нов албум ќе го разбуди рокенролот”

popara6 јануари, 20121min00
104303-ke-ha_press1_617_409

“Иако јас не се согласувам кога луѓето зборуваат дека рокенролот е мртов… сепак, мојата мисија е да го оживеам”, вели Ke$ha.

Ke$ha во 2012-та година најави дека ќе ја објави обработката на песната на Bob Dylan”Don’t Think Twice, It’s Alright”, која ќе се појави на компилацијата “Chimes of Freedom”, а која е наменета за 50 годишнината од Организацијата за човекови права Amnesty International.

“На следниот албум ќе слушнете ранетост во мојот глас, затоа што додека ја снимав обработката од Bob Dylan сфатив дека тоа преставува најдобар начин за да ја покажам другата страна на мојата личност. Во последните три години научив да бидам ранлива, што не значи да се биде слаба. Сепак нема да направам тажен , акустичен албум, туку мислам дека ќе покажам повеќе емоции”, рече пејачката, позната по хитовите кои се слушаат во ноќните клубови.

Последното нешто од Ke$ha е ремиксот на песната “Sleazy”, во која гости се Lil Wayne, T.I., Wiz Khalifa и Andre 3000, а вие можете да ја слушнете овде. 🙂

httpv://www.youtube.com/watch?v=mNCEV7ZSNFo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma