Богатата наследничка Парис Хилтон позираше за насловната страница на FHM магазинот и најави дека во текот на летото ќе објави албум со хаус музиката.
Познатата старлета позираше во провокативни пози и проѕирна маица и долна облека.
На една од фотографиите Парис е без градник, но нејзините гради не се гледаат, бидејќи се прекриени со прамени од нејзината коса.
На друга фотографија Парис е облечена во маица која е со проѕирни ленти.
Во едно интервју откри дека сака да биде врвен Диџеј.
“Јас имам огромна љубов кон хаус музиката. Отсекогаш сум ја сакала. Само никогаш не сум имала доволно време за да се посветам, бидејќи премногу време посветував на моето реално шоу”, вели познатата старлета.
Парис изјави дека планира да отвори синџир на ноќни клубови и ресторани, барови и теретани и прва на листата и е Филипини, а се надева дека ќе има време да се посвети и на хаус музиката.