Иако денеска постојат строги правила за возраста на државните службеници, според Гинисовата книга на рекорди, најмладиот премер на светот имал само 24 години.
Станува збор за Вилијам Пит Помладиот, кој станал премиер на Англија на 19 декември 1783 година, кога имал само 24 години и 205 дена.
Всушност, неговиот рекорд би бил уште повпечатлив доколку тој ја прифател понудата да биде премиер една година порано, односно кога имал 23 години и 275 дена.