Британската актерка Сиена Милер е бремена и го чека своето прво дете со актерот Том Стариџ, објавил анонимен извор близок на познатата двојка.
„Тие ги поминаа празниците заедно во париз откако ја соопштија радосната вест“, објавил анонимниот извор и додал дека двојката засега нема планови за венчавка.
Сиена е во врска со Стариџ, кое е близок пријател на Роберт Патинсон, од февруари минатата година, откако ја прекина веридбата со својот долгогодишен дечко Џад Лоу.
Британските медиуми во август минатата година објавија дека познатиот пар купил заеднички дом од 4,5 милиони долари кој се наоѓа во северниот дел на Лондон.