Најинтересните новогодишни елки за дочекот на новата 2012 година

popara8 јануари, 20122min00
nas

Јапонска златна елка:  Креација на јапонскиот златар Гинза Танака, оваа елка е проценета на 2 милиони долари. Тежи 12 килограми и е висока 2.4 метри и е декорирана со лампиони исто така направени од злато.

Елка од мобилни телефони: Оваа елка е дело на компанијата за мобилни телефони Вестком Електроник од Виетнам и е направена од 2500 телефони.

Елка од моторни пили: Оваа елка има за цел да ја подигне свеста за животната средина, и е направена од моторни пили кои се користат за сечење дрва. Елката е поставена во Палаван, Филипини и е дел од кампањата за борба против нелегалното сечење на дрва.

Елка од ЛЕГО коцки: Елката е направена од 600.000 лего коцки и е изложена во Ст. Панкрас Интернационал во Лондон. Елката, која е висока 10 метри, е дело на Данкан Титмарш, кој е единствен сертифициран ЛЕГО професионалец во Велика Британија.

Елка од пластични шишиња: Оваа елка, која е поставена во Каунас, Литванија, е висока 13 метри. Елката, која е изработена од 40.000 пластични шишиња Спрајт и е украсена со 40.000 светилки, се најде во Гинисовата книга на рекорди како највисоката елка направена од пластични шишиња.

Елка од велосипеди: Навистина е чудно како Кинезите може да направат нешто од ништо. Како новогодишна елка во еден трговски центар во Шенјанг беше поставена 12 метарска елка направена од 230 велосипеди.

Џек Даниелс елка: Во Линчберг, Тенеси во САД беше поставена елка висока 8 метри, направена од дрвени буриња од популарниот бренд на виски Џек Даниелс. Елката е направена од 140 дабови буриња, но за жал бурињата се празни.

Плетена елка: Елката е направена од 1200 плетени зелени парчиња, кои една британка ги изработувала цели 9 месеци. Подоцна елката ќе биде употребена за да се направат ќебиња за сиромашните луѓе од Романија и Шри Ланка.

Елка од книги: Елката поставена во Метјусон ИТГ Центарот во Универзитетот во Невада е направена од стари рециклирани книги. Елката, која е висока 3 метри, е направена од каталози за Националната Унија од пред 50тите години од минатиот век.

Елка од ѓубре: Најгрдата елка на оваа листа е висока 12 метри и беше поставена во Берлин, на негодување на локалните жители. Елката, која е наречена „Сообраќајна елка“, е направена од метални прачки и е украсена од фрлени играчки и други предмети, а како осветлување се употребени стари семафори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma