Еве што девојката мислела за уметноста…
Гола американка со задникот уништила слика која е вредна повеќе од 30 милиони долари.
Кармен Тиш (36) била под дејство на алкохол кога во музејот во Денвер ги соблекла панталоните и со својот задник неколку пати поминала на делото “1957-J no. 2” на американскиот сликар Клифорд Стил.
Вредноста на ова дело околу 30 милиони долари, а според експертите пијаната авантура на Тиш ја оштетила сликата за 10 илјади долари.
Кармен Тиш била уапсена и приведена, по што и било одредена мерка притвор, потврдил портпаролот на обвинителството Лин Кимбро. Таа додала дека штетата нанесена на сликата ќе биде санирана, но сопственикот изјавил дека е нанесена непоправлива штета бидејќи јавноста сега сликата ќе ја памети токму по овој инцидент.