Потребни состојки:
500 мл. вода
300 мл. шеќер
200 мл. сок од лимон
Кора од 2 лимони
Неколку ливчиња нане
Припрема:
Загрејте ја водата во тенџере на оган, па додадете го шеќерот и оставете го да се растопи со повремено промешување. Гответе на умерен оган се додека шеќерот целосно не се растопи, па тргнете го тенџерето од оган и оставете ја смесата целосно да се излади.
Во смесата додадете го свежо исцедениот сок од лимон и ситно изренданата кора и промешајте, па ставете го шербетот во фрижидер два часа за да се излади и стегне. Потоа извадете ја смесата и измиксирајте ја во блендер, па ставете ја во замрзнувач за да замрзне.
Во мали чинии ставете топка од шербетот, па украсете со свежи ливчиња од нане и веднаш послужете. Добар апетит!